Компанијата „Спејс икс“ лансираше и успешно вертикално приземји ракета „Фалкон 9“, што се смета за важен пресврт во настојувањата да се намалат трошоците со повеќекратни употреби на ракети.
„Фалкон 9“ по лансирањето постави 11 комуникациски сателити по што слета вертикално на Кејп Канаверал во Флорида, покажаа видео снимките.
Компанијата „Спејс икс“ на Интернет тајкунот Елон Маск настојува да направи револуција во ракетната индустрија која во моментот губи милиони долари поради отфрлувањето на софистицирани ракетни компоненти по секое лансирање.