Во ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Ромите во Европа“ од Рамо Рушидовски.
Книгата е прво дело во Македонија засновано на документи од личната и светска архива и на изјавите на лицата кои беа вклучени во ромското движење и прашање.
Рушидовски е ромски интелектуалец, активист за правата на Ромите во поранешна Југославија и во Република Македонија. Тој е наставник по историја и географија и професионален преведувач по германски.