„ТодорОФФ“ и „АЈДЕ“: Министерот „Смрт“ да си замине

Од:

„Мора да има одговорност за системот кој убива, наместо да лечи! Да му кажеме на Министерот „Смрт“ дека дојде времето да ја понесе одговорноста и самиот да си замине од оваа одговорна функција“, вака гаѓанската иницијатива „ТодорОФФ“ и граѓанската платформа „АЈДЕ!“ ги повикуваат граѓаните денеска во 18 часот да дојдат пред Собранието и масовно да учествуваат на протестот за оставка на министерот за здравство Никола Тодоров.

Порачуваат дека неговата оставка нема да ја врати малата Тамара, ниту пак, ќе ги врати сите оние кои го изгубија својот живот во лавиринтите на здравствениот систем.

„Но во исто време сме свесни дека мора да направиме сѐ за да ги спречиме новите жртви на смртоносните реформи на Тодоров и за да добиеме здравствен систем кој квалитетно и ефикасно ќе се грижи и ќе ги лекува пациентите. на дневните партиски политики“,стои во соопштението.

Организаторот на протестот истакнува дека министерот за здравство во својот мандат оставил наследство од загубени и уништени животи.

„Затоа, ги повикуваме сите граѓани и граѓанки да дојдат денеска, понеделник во 18 часот, пред Собранието на РМ, за сите гласно да порачаме дека Тодоров мора да замине и да одговара“, е пораката од „ТодорОФФ“ и од „АЈДЕ!“.

Би можело да ве интересира

Тодоров до Мицкоски: Додека јас се борев против Заев, ти градеше хидроцентрали – оди си

Кристијан Ландов

„Друже Лаки, ги поебавме во задња минута“, му вели по полноќ Тодоров на Латас

Наум Локоски

Тодоров-Хан: Да запрат заканите кон оние кои не мислат како раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

Никола Тодоров ќе гласа на референдумот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Судот ќе бара потврда дали лицата кои го вештачеле дедото на Тамара имале лиценци

Наум Локоски

ОЈО поднесе обвинение против лицето кое што пукаше во Тодоров

Наум Локоски