Шести конкурс за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

Од:

Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга го распишуваат шестиот конкурс за наградите „Крсте Чачански“ за необјавена збирка на кратки раскази и „Јован Котески“ за необјавена поетска збирка.

Според конкурсните услови, расказите односно песните не треба да се претходно објавувани, секој расказ да не биде подолг од 100 реда (три страници новинарски проред) и да има наративна форма. Поетската збирка треба да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови

Ракописите во четири примероци отчукани на Tiimes New Roman или Ariel со македонска поддршка треба да се испраќаат на адреса: „Бранувања“, ул. „Нико Нестор“ 22, 96330 Струга, со назнака Конкурс за наградата „Крсте Чачански“ односно „Јован Котески“, најдоцна до 20 април 2016 година, или по електронски пат на: [email protected]  [email protected]

Две тричлени жирија составени од компетентни македонски писатели ќе го извршат изборот на наградените книги што ќе бидат објавени и промовирани на денот на доделувањето на наградите на фестивалот „Струшки книжевни средби“, во почетокот на јули 2016 во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Досегашни добитници на наградите „Крсте Чачански“, односно „Јован „Јован Котески“ се: Христо Петрески, Трајче Кацаров, Милован Стефаноски, Санде Стојчески, Петре Димоски, Витомир Долински, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски и Славчо Ковилоски.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска