СДСМ: Со денови “Курир” крие на каков начин се финансира

Од:

„Седум дена “Курир” крие кој и на каков начин го финансира.

Професионалните и етички новинарски стандарди подразбираат транспарентно, непристрасно и објективно работење на медиумите.

Зошто молчи „Курир“ на каков начин се финансира? Што крие?

Јавноста дозна за приходите од 1.3 милиони евра за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир”.

Јавноста дозна и за поврзаноста на фирмата сопственик на “Курир” со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП.

НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

Сопственикот на НВСП, Владислав Стајковиќ, освен до Мијалков е близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле и кумашин на Сашо Мијалков.

Оваа фирма, НВСП, е директен линк на Сашо Мијалков со други медиуми во Македонија.

НВСП покрај тоа што е сопственик на радиото Слободна Македонија се јавува и како сопственик на „К Три телевизија“ ДООЕЛ Куманово.

Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Наместо молк и креирање виртуелни вести коишто немаат никаква поврзаност со реалноста, јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира “Курир”?“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите