Во најсилната светската кошаркарска лига НБА, ноќеска беа одиграни само четири натпревари, во кои домашните тимови забележаа победи на сите дуели.
Екипата на Оклахома Сити, беше „немилосрдна’’ кон Л.А. Лејкерс победувајќи ги „Езерџиите’’ со 40 поени разлика 118-78.
Најефикасне на натпреварот, воедно и во редовите на домашниот тим беше Кевин Дурант со 22 поени, а имаше и 8 скокови, додека забележителна партија имаше Турчинот, Енес Кантер кој оствари „дабл-дабј’’ учинок од 19 поени и 15 скокови.
Во отсуство на повредениот Коби Брајат, Лу Вилијамс со 20 поени беше најефикасен во редовите на ЛА Лејкрс.
На останатите три, Вашингтон го победи Шарлот со 109:101, Њујорк славеше над Чикаго со 107-91, гостите минатата ноќ одиграа дури 4 продолженија против Детроит, а Мемфис беше подобар од Индијана со 96-84.
Табела – Источна конференција: Кливленд 17-7 (победи-порази), Индијана 16-10, Торонто 17-11, Мајами 15-10, Чикаго 15-10, Орландо 15-11, Шарлот 15-11, Детроит 16-12…
Табела – Западна конференција: Голден Стејт 26-1, Сан Антонио 23-5, Оклахома Сити 18-9, Л.А. Клипперс 16-12, Даллас 15-12, Мемфис 15-14, Хоустон 14-14, Јута 11-14…