СДСМ: Грозно е што Груевски жртвува бебиња за да го штити Тодоров

Од:

„Грозно е што Никола Груевски жртвува бебиња за да го штити Никола Тодоров. Во прилог е запрепастувачкиот податок од најновата студија Смртност на новороденчиња во Република Македонија, за којашто Груевски и Тодоров не зборуваат.

Според оваа студија на 24 страници објавена неодамна на конгрес во Охрид, во Македонија умираат повеќе од 14 бебиња на 1 000 новородени.

Студијата направена токму поради морбидните тенденции во земјава, покажува дека во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!

Во општините во Македонија каде што недостигаат гинеколози, умираат над 30 бебиња на 1.000 живородени!

За жал Берово е меѓу тие градови со голема смртност на новороденчиња, покажуваат истражувањата.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не признаваат ниту еден официјален податок.

Несовесно и безобразно е од страна на Никола Груевски да го праќа Никола Тодоров во градови со голема смртност на бебиња, со налог да зборува за невработеност.

Откако ги уништи образованието и здравството, Тодоров сега по задача на Груевски ја врти Македонија на тема економија.

Доаѓа крајот на тендер политиките на Груевски и Тодоров.

Тодоров и Груевски ќе одговараат за секоја жртва на системот во здравството“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа