СДСМ: „Курир“ се уште крие на кој начин се финансира

Од:

Шест дена „Курир” крие кој и на каков начин го финансира. Откако јавноста дозна за приходите од 1.3 милиони евра за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на “Курир”, шест дена молк, Велат од СДСМ.

Што крие „Курир“, прашуваат од опозициската партија.

Што се крие зад поврзаноста на фирмата сопственик на „Курир” ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП?

Преку проектот Вистината за Македонија граѓаните дознаа дека НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Стајковиќ освен до Мијалков е близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле и воедно кумашин на Сашо Мијалков. Истиот Стајковиќ фигурира и како директор во фирмата Мобико, каде што сопственик е Жарко Луковски.

НВСП покрај сопственик на радиото Слободна Македонија се јавува и како сопственик и на К Три телевизија ДООЕЛ Куманово.1.3 milioni evra prihodi Kurir

Вистината за Македонија исто така откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Професионалните и етички новинарски стандарди подразбираат транспарентно, непристрасно и објективно известување.

Зошто „Курир” крие на кој начин се финансира?

Наместо молк и креирање виртуелни вести коишто немаат никаква поврзаност со реалноста, јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира “Курир”, прашуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО