СДСМ: Груевски нуди станови на кредит, а 50 проценти од младите не се вработени

Од:

„СДСМ предвидува реална помош до 9.000 евра на граѓаните кои градат индивидуална куќа до 150 м2.

Државата ќе им покрие на граѓаните 50 проценти од трошоците за комунален надоместок и ова е само една од мерките со кои ќе ги вратиме парите кон граѓаните и ќе ги стабилизираме семејствата и државата.

Оваа мерка важи за сите граѓани без разлика на нивната возраст, без разлика дали се вработени или не се, без разлика дали се кредитоспособни или не се и колкава плата примаат.
Оваа мерка ја има во Програмата што Конгресот на СДСМ ја усвои минатата недела.
Груевски тоа го знае. Груевски е тој кој во немоќ се
Со таканаречениот драматичен проект за млади, Груевски драматично се расфрла со виртуелни нули, наспроти реалнитенули на неговите станови.
Груевски сака да се подбива со граѓаните.

Никола Груевски им бара на младите луѓе плати до 50 илјади денари или до 80 илјади денари, за да можат да добијат виртуелна идна државна помош за куќа.

Груевски ова го бара во услови кога во државата над 180.000 луѓе живеат со по 40 денари на ден, а над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија.

Груевски им поставува лимити за возраст до 35 години на граѓаните за апсурдниот проект и бара да бидат кредитоспособни во услови кога над 50 проценти од младите не се вработени, а најголем дел од останатите се хонорарци.

Груевски знае зошто го најавува виртуелниот проект за февруари, бидејки тој тогаш нема ни да биде премиер.

Колку се виртуелни проектите на Никола Груевски покажа претходната реклама Купи куќа купи стан, којашто освен што стави пари народни пари во медиумите под негова контрола, не го реши проблемот на граѓаните.

Времето на драматичните лаги и манипулации на Никола Груевски заврши“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО