СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ работат за арач политиките на Груевски

Од:

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ работат за арач политиките на нивниот шеф Никола Груевски, а не за интересите на граѓаните.

Нови давачки, нови казни за нивно неплаќање и нови извршители на врата ги чекаат граѓаните кои не користат парно греење, а добиваат сметки.

Овие граѓани понатаму ќе имаат обврска да плаќаат за парното што не го користат, поради пратениците на Груевски во Собранието.

Праниниците на ВМРО-ДПМНЕ го одбија предлогот на опозицијата граѓаните кои се исклучени од системот на парно греење да не плаќаат сметки.

Со тоа ги оставаат рацете на Груевски и Ставрески да ги празнат до последен денар џебовите на граѓаните.

Поради Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на Македонија и се случува незапаметена сиромаштија.
Поради Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ над 500.000 граѓани живеат незидржливо, под прагот на сиромаштија.

Поради Груевски и ВМРО-ДПМНЕ над 180.000 граѓани во Македонија живеат бедно, со по 40 денари на ден.

СДСМ, како што најавивме во Програмата ќе ги укине сметките за парно за граѓаните кои се исклучени од системот на парно греење“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО