(ВИДЕО) Бочварски: Реална помош за граѓаните до 9.000 евра

Од:

Ќе им помогнеме на младите кои имаат потреба од свој дом, а не се вработени. Над 50 проценти од младите се невработени, а голем дел од останатите се хонораци. Ќе им помогнеме на граѓаните кои имаат потреба од свој дом, а не се во можност да подигнуваат кредити. Граѓаните или се невработени, или се во долгови и не се кредитоспособни, вели Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски на СДСМ.

Затоа во Програмата на СДСМ предвидовме мерка со којашто за изградба на индивидуална куќа до 150 м2, државата ќе им покрие на граѓаните 50 проценти од трошоците за комунален надоместок. Тоа се пари до 9.000 евра.

Мерката за субвенционирање на 50 проценти од комуналните надоместоци за изградба индивидуална куќа е само една од мерките со коишто ќе ги враќаме парите кон граѓаните и ќе ги стабилизираме семејствата и државата.

Оваа мерка важи за сите граѓани без разлика на нивната возраст, без разлика дали се вработени или не се, без разлика дали се кредитоспособни или не се и колкава плата примаат.

Субвенцијата што ја планираме за покривање на 50 проценти од комуналните трошоци за граѓаните ќе биде голема и реална помош.

Ако се тргне од тоа дека вредноста на комуналниот надоместок е од 20 до 120 евра за метар квадратен, тоа значи дека на секој граѓанин ќе му помогнеме да плати помалку за комуналии од 1.500 евра до 9.000 евра.

Ова не е виртуелна помош како виртуелниот проект на власта на Груевски Купи куќа купи стан, којшто не го реши проблемот на граѓаните.

Или како уште поапсурдниот проект што го најави Груевски вчера.

Груевски се подбива со граѓаните кои ги осиромаши со тоа што им бара плати до 50 илади денари или до 80 илјади денари, им бара да бидат кредитоспособни, во услови кога над 180.000 луѓе жиеат со по 40 денари на ден!

Друго прашање е што Груевски бега од ветувањето со тоа што го најавува за февруари кога веќе нема да биде премиер. За решавање на реалните проблеми на граѓаните потребни се реални мерки и системски пристап и СДСМ заедно со граѓаните тоа го прави.
Времето на лагите и манипулациите на Никола Груевски заврши.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО