Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во интервју за францускиот „L’Ekipа“, изјави дека е горд на се што постигнал оваа сезона, која ќе ја заврши на првото место.
Вториот тенисер на светот, оваа година освои само еден Грен слем трофеј.
„Не беше можно да ги повторнам неверојатните резултати од 2011-та година. Сепак сум горд на се што постигнав оваа сезона“, рече Ѓоковиќ.
Тој нагласи дека неговиот дуел со Британецоте Енди Мареј ќе го надмине досега најголемиот ривалитет во историјата на тенисот помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Новинарот на „L’Ekipа“ посакал да ги дознае „состојките на рецептот“ со кој Ѓоковиќ го оствари еден од најголемите успеси во историјата на тенисот и покрај тоа што израснал во семејство и земја каде што тенисот не бил особено популарен.
„Упорна и константна работа е првиот елемент од формулата за успех, која се дополнува со победнички менталитет и верба во себе“, вели Новак.
Ѓоковиќ нагласи дека еден од приоритетите за наредната сезона му е освојување на Ролан Гарос.
„Сон ми е да освојам титула на Ролан Гарос. Тоа ми е еден од главните цели за 2013-та. До крајот на кариерата ако треба ќе се обидувам да си го остварам тој сон“, додаде Србинот.
Следната недела тој учествува во завршниот турнир годинава, Мастерот во Лондон, на кој, како што рече, сака да ја круниса оваа сезона и да го потврди местото број 1 на АТП листата, кое ќе го преземе во понеделник.