ЛДП: Енормно загадениот воздух во Македонија е „тивкиот платен убиец“

Од:

Воздухот на целата територија на државата, особено во поголемите населени места и градови, од ден во ден станува се поопасен и загрозувачки за здравјето на граѓаните.

Пратениците во Собранието на Р. Македонија од ЛДП, Горан Милевски и Дуфе Кукоски, вчера за време на собраниската седница се обидоа на секаков начин да укажат на драматичноста на ситуацијата со загадувањето на воздухот, преку дискусиите на самата седница, но и преку дирeктна акција на улицата Македонија каде симболично, но и многу практично, се делеа заштитни маски заедно со младите од ЛИДЕМ.

Зошто за ЛДП воздухот е тивок платен убиец?

„’Тивок’, затоа што последиците по здравјето на граѓаните од загадениот воздух кој секојдневно го вдишуваме не се чувствуваат веднаш, туку по извесно време. ‘Платен’, затоа што институциите на системот кои се платени со парите на граѓаните, не превземаат доволно активности за намалување и спречување на загадувањето“, рече Кукоски по акцијата на ул. Македонија.

Slika (1)

И на крај, ‘убиец’, додаде тој, затоа што според редовните извештаи на Светска банка за Македонија, секоја година се зголемува бројот на заболени од рак на белите дробови, а цврстите честички се директно одговорни за повеќе од 1350 случаи годишно.

Воздухот во Скопје, повеќе години наназад, особено во зимските денови, е со растечко ниво на канцерогени ПМ10 честички и штетите од неговото делување допрва ќе ги согледуваме.

Горан Милевски на собраниската седница уште еднаш укажа дека: загадувањето на воздухот е резултат на низа погрешни активности на власта во изминативе години, од толеранција на големите загадувачи, преку екстремна градежна експанзија, уништување на зеленилото во градот, осиромашување на населението кое е принудено да користи несоодветен материјал за огрев, што сето доведе до алармантно ниво на загаденост, кое не’ убива сите како граѓани.

Slika (3)

ЛДП, како сериозен и одговорен политички субјект, на кого здравјето на сограѓаните е меѓу највисоките приоритети, е должен да укаже до надлежните органи и институции во државата, на сериозноста на проблемот и одговорно да пристапат кон преземање конкретни мерки со кои ќе се подобри квалитетот на воздухот и ќе се сочува здравјето на граѓаните. Без разлика на етничката, политичката и религиозната припадност на населението на Македонија, сите го дишеме истиот воздух.

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа