Петнаесет рачно изработени бомби експлодираа рано изутринава пред турскиот Конзулат во Солун, јави грчката агенција АНА-МПА.
Засега нема информации за евентуално повредени лица во инцидентот.
Експлозивните направи биле фрлени од маскирани лица врз полициското обезбедување на дипломатското претставништво.