СДСМ: Што крие „Курир” за приходите од 1.3 милиони евра?

Од:

„Четврти ден молк во “Курир” на прашањата кој и на каков начин го финансира. Зошто молчи „Курир“ за приходите од 1,3 милиони евра? Што крие „Курир“?

Професионалните и етички новинарски стандарди подразбираат транспарентна и објективна работа на медиумите.

Дали молкот во Курир е поради поврзаноста на фирмата сопственик на “Курир” ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП?

НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто од проектот Вистината за Македонија се покажа дека зад неа лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

НВСП покрај сопственик на радиото Слободна Македонија се јавува и како сопственик и на К Три телевизија ДООЕЛ Куманово.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле и воедно кумашин на Сашо Мијалков. Истиот Стајковиќ фигурира и како директор во фирмата Мобико, каде што сопственик е Жарко Луковски.

Проектот Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Стајковиќ од 2014 година е избран и за член на Надзорниот управен одбор на Државната видео-лотарија.

Со недели нема одговор ниту на прашањето што навистина е “Курир”, информативната агенција, интеренет портал, агенцијата-партија?

За “Курир” професионалните и етички новинарски стандарди за непристрасно и објективно известување не постојат.

Наместо молк јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира “Курир“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците