Пред една недела, кошаркарите на Бостон беа престари, немаа никаква шанса да играа во големот НБА Финале, а сега се на една победа до него.
Вечерва славеа со 94:90 против Мајами и поведа со 3-2 во финалната серија на Истокот.
Кевин Гарнет постигна 26 поени и 11 скока, Пирс 19 и клучната тројка преку Леброн Џејмс на 52 секунди пред крајот. Џејмс имаше 20 поени и 13 скока, но во последните 8 минути беше без поени, Вејд постигна 27 поени.
Следниот натпревар се игра во Бостон за два дена, а вечерва е шестиот натпревар од западното Финале, каде Оклахома води против Сан Антонио со 3-2.