Европскиот парламент во Стразбур ќе гласа денеска попладне за нацрт резолуцијата, со која се одбележуваат 20 години од Дејтонскиот мировен договор.
Изминатите две децении Босна и Херцеговина и целиот регион доживеаја напредок, но пред земјата останува уште многу работа, се наведува во нацрт-резолуцијата.
Дополнителни напори, како што се вели во документот, се потребни во сферите на помирувањето, демократскиот рзвој и стабилизацијата.
– Проблемите во БиХ мораат да се решат што е можно поскоро, а по приемот на земјата во Европската унија, а за такво нешто е потребна промена на Уставот, изјави Елмар Брок, претседавач на Надворешно-политичкиот комитет на ЕП.
Дваесет години по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, ЕП уште еднаш ја потенцира определбата за мир и простеритет на БиХ, како и поддршка за нејзините европски аспирации.