ЛА Лејкерс го совладаа Милвоки

Од:

Кошаркарите на ЛА Лејкeрс ноќеска остварија победа над Милвоки во еден од четирите одиграни натпревари во НБА лигата.

За „езерџиите“ ова е четврта победа сезонава, додека Милвоки откако во претходниот дуел ја прекина серијата победи на првакот Годен Стејт повторно доживеа пораз.

Коби Брајант со 22 поена беше најефикасен на натпреварот.

На првата позиција на „Исток“ се зацврстува Кливленд по новата победа и тоа на гостувањето кај Бостон. Одличната игра во одбрана во вториот дел (примија 31 поен) го донесе триумфот за Кливленд. Леброн Џејмс со 24 поени беше најпрецизниот на дуелот.

Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
ЛА Лејкерс – Милвоки 113:95,
Бостон – Кливленд 77:89,
Минесота – Денвер 100:112 и
Сакраменто – Хјустон 107:97.

Пласман Источна конференција: Кливленд 16-7 (победи-порази), Чикаго 14-8, Торонто 16-10, Шарлот 14-9, Мајами 14-9, Бостон 14-11, Орландо 13-11,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 24-1, Сан Антонио 21-5, Оклахома Сити 16-8, ЛА Клиперс 15-10, Далас 14-11, Мемфис 14-12, Хјустон 12-14, Денвер 11-14,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on