Скопје вчера – во 9 сообраќајки, 9 повредени, пајакот отстранил 86 возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.

Од нив, пет се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило и шест сопатници.

Од страна на сообраќајната полиција вчера се откриени и санкционирани 67 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Седумнаесет возачи не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, осум возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор, шест возачи не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, како и 22 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 86 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска со почеток во 10 часот поранешните вработени на АД „Газела“ ќе одржат мирен протест пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

Би можело да ве интересира

457 загинати во сообраќајни несреќи во три години

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка на патот Дебар-Струга, во прекин е сообраќајот

Загина возач на магистралниот пат Кочани – Штип

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

(ВИДЕО) Седум лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Јелоустоун во САД

Во судар на два мопеди загина 13-годишно дете, друг малолетник е тешко повреден