А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Запленети 30 кг марихуана на ГП Богородица

by А1он14/12/2015 - 19:3889
Share0

Околу 30 килограми  марихуана заплени полицијата на ГП Богородица, во заедничка акција со Царинската управа.

Следете a1on на Instagram Instagram

 

 

Имено, во саботата околу 19 часот, на граничниот премин за излез од Македонија било сопрено возило „рено меган сценик“со гостиварски регистарски ознаки управувано од Р.Н.(61), а сопственост на неговата сопруга.

Следете a1on на Youtube YouTube

 

Полицајци и цариници извршиле преглед и претрес над возилото при што било употребено и службено куче од царинска управа на РМ, кое што покажало реакција за присуство на наркотична дрога во возилото. Притоа во него бил откриен специјално направен простор-бункер во долниот дел на подвозјето под седиштата на возилото, во кој пронајдени биле 30 пакувања обвиткани со алуминумска фолија исполнети со непозната растителна материја зелена боја и помало пакување обвиткано исто така со алуминиумска фолија исполнето со непозната растителна материја зелена боја.

 

Одземената растителна материја е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР на РМ, заради вештачење, при што е утврдено дека се работи за 29 килограми и 905,6 грама  марихуана.

 

По преземени дополнителни мерки утврдено е дека Р.Н. од Р.Албанија неовластено ја набавил наркотичната дрога марихуана за цена од 15.000 евра заради натамошна препродажба, а крајна дестинација на истата  била Република Турција. Запленетата наркотична дрога на нарко пазарот на големо би достигнала цена од околу 100.000 евра.

Против Р.Н. поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено и казниво по член 215  став 1 од Кривичниот законик на Р. Македонија.

 

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

mvr

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 15:29

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:42

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Предраг Петровиќ02/10/2026 - 17:15

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 12:03

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он25/09/2026 - 15:20

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Катерина Ѓуровски21/09/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео