Бројот на загинати во авионската несреќа, која се случи пред два дена, во предградието на Лагос, се искачи на 159.
Спасувачите со кранови ги отстрануваат рушевините од двокатната зграда во која удри авионот, затоа што се стравува дека под нив може да има уште тела.
Сите 153 патници и членовите на екипажот загинаа во несреќата, кога авионот МД-83 се сруши во северниот дел во Лагос.
„До сега има шест жртви кои се наоѓале во зградата“, изјавил шефот на Државната агенција за вонредни ситуации во Лагос.
На авиокомпанијата „Dana air“, и е одземена лиценцата, се додека не заврши истрагата.