Ѓукановиќ: Парламентот ќе одлучи за членството на Црна Гора во НАТО

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека не постои правна обврска ниту политичка потреба за распишување на референдум за членството на Црна Гора во НАТО.

Тој во Парламентот наведе дека црногорскиот Устав не пропишува организирање на референдум во случај на зачленување во Алијансата, пренесува Фена.

– Во случај на зачленување во НАТО, Црна Гора не го губи суверенитетот ниту пренесува некои од своите права на ова меѓународна организација. Прашањето за членство во меѓународни организации, значи и во НАТО, е во надлежност на Парламентот, кој ја репрезентира војлата на граѓаните, истакна Ѓукановиќ.

Тој посочи дека речиси две третини од пратениците ја поддржуваат интеграцијата на Црна Гора во НАТО.

Ѓукановиќ наведе и дека граѓаните се подобро известени и дека се повеќе ја разбираат предноста од членството во Североатлантската алијанса. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски