Идентификувани убиениот и повредените во струшко

Од:

Дваесет и тригодишниот Фитим И. од струшкото село Долна Белица е убиен во пукањето што се случи во неделата вечерта околу 22.30 часот на патот Струга-Долна Белица.

Осумнаесетгодишно момче од истото село е тешко повредено и од специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид е пренесено во Ургентниот центар во Скопје, а четириесет и петгодишен жител на струшкото село Велешта е опериран во Општата болница во Струга и е задржан на лекување.

Струшката полиција интензивно трага по лицата кои пукаа. Според истрагата на струшкото Јавно обвинителство неколку лица од возило пукале кон група лица меѓу кои биле убиените и повредените. Причина за пукањето биле меѓусебни нерасчистени односи.

На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Струга во содејство со полициски екипи.

Притоа, пронајдени се и подигнати чаури од пиштолска муниција и чаури од автоматска пушка како и други предмети кои ќе се вештачат во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Секторот за внатрешни работи Охрид и полициската станица од Струга презема и други дополнителни мерки за утврдување на сторителот на кривичните дела.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина