Фрнацузинот Жо Вилфред Цонга и Србинот Јанко Типсаревиќ се последните двајца тенисери кои обезбедија пласман на Мастерсот во Лондон.
До ваков расплет дојде откако на денешните мечеви на Мастерсот во Париз од осминафиналето најпрвин Типсаревиќ го победи Хуан Монако со 2:1 во сетови и со тоа го исфрли дирекнтиот конкурент.
За работата да биде како што им одговара на двајцата Цонга, кому му требаше победа за пласман го совлада Николас Алмагро со 2:0 во сетови и со тоа му помогна и на Типсаревиќ.
За комплетен впечаток се погрижи и Американецот Сем Куери, кој од игра го исфрли и последниот кандидат за Лондон Милош Раониќ. Куери го совлада Раониќ со 2:0 во сетови.
На другите мечеви од осминафиналето денеска: Јанович – Мареј 2:1, Лодра – дел Потро 2:0, Бердих – Андерсон 2:1, додека Симон без борба се пласира во четвртфиналето бидејќи Нишикори предаде поради повреда. Во тек е последниот дуел меѓу Вавринка и Ферер.