Русија почна да ја пополнува црната листа на Интернет сајтови, откако оваа година го усвои законот за блокирање на веб-страници со забранети информации, кој беше критикуван како обид да се воведе цензура.
Шест страници со детска порнографија веќе влегоа во федералниот регистер, кој извесутва за активностите на електронските страници, кои содржат информации, кои се забранети со законот, се наведува во соопштението на руската Агенција за надзор на медиумите „Роскомнадзор“.
Одобрен кон средината на јули од двата дома на Парламентот, овој закој официјално има за цел да го заштити малолетниците од опасни информации и е насочен против страници кои шират детска порнографија и имаат педофилски карактер, кои пропагираат употреба на дрога или даваат совети како да се изврши самоубиство. Законот овозможува и блокирање на страници за кои руското правосудство ќе оцени дека се екстремистички.