Триесеттина креативни занаетчии и ракотворци ќе се претстават на овогодинешниот КрафтАРТ Фест што ќе се одржи денеска во хотелот Арка во Старата скопска чаршија.
Рачно изработени производи и додатоци, накит, производи од стакло, чанти, модни додатоци… се дел од ракотворбите што ќе бидат изложени и достапни за продажба на овогодинешниот КрафтАРТ.