Полска новата главоболка на Европа

Од:

Економист – Лондон

Генијалноста на демократијата е во тоа што избирачите можат да ја истераат Владата без да и наштетат на државата. Но, понекогаш новата Влада, на која не и е доволно што ја истерала старата од подиумот, се зафаќа да ја менува и самата сцена.

Тоа е аларм кој е вклучен во Полска. Популистичката партија Право на праведност (ПиС), која повторно дојде на власт по осум години во опозиција, брза да ја промени земјата. Таа го прекрши Уставот за да ги смени членовите во Уставниот суд избрани од претходната Влада, постави свои партиски војници на чело на разузнавачките служби, направи чистка во администрацијата и се повлече од обврските на Полска во Европската унија.

Кога ПиС беше на власт последен пат, нејзиниот мандат беше одбележан од неконзистентни политики и националистичка параноја, но изгледа дека времето ништо не сменило кај неа.

Полска е важна. Таа е водечка сила во Источна и Централна Европа, најголемата земја во регионот и засега најголемата економија. Таа има главна улога во проширувањето на ЕУ на исток и е доказ дека демократијата и владењето на законите можат да се спроведуваат. Нејзината стабилност, економските успеси и проевропската ориентација и овозможуваат почит и дипломатско влијание.

Ако ПиС сака на таа епоха да и стави крај, тогаш е виситнскиот пат. Лидерот на партијата Јарослав Качински, му се восхитува на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој рече дека ќе поддржи „нелиберална демократија“. ПиС ги подготтвува првите свои чекори во истиот правец, а ЕУ, ослабена од кризи, не е добро подготвена да се спротивстави на тоа.

Очигледно нема ништо грешно во решението на Полјаците да ја сменат својата Влада. ПиС ги доби и претседателските и парламентарните избори оваа година, затоа што на гласачите им дојде преку глава од центристичката партија Граѓанска платформа која се здоби со репутација на егоцентричност и расипаност.

Амбициозниот настап на ПиС е спротивен на либералната, секуларна градска елита во Полска. Таа претставува разновидна коалиција од социјални конзервативци, националисти католици, евроскептици, ревносни поддржувачи на борбата против корупцијата, приврзаници на конспиративните теории, протекционисти и земјоделци.

Слично на повеќето популистички партии, таа негува нелиберални погледи во надворешната и културната политика, со акцент на државната контрола и кусогледа линија во економијата. Еден од нејзините први планови е да ја намали возраста за пензионирање, бришејќи ја реформа која веќе ја изведе претходната Влада. Тоа е неразумно од фискална гледна точка, ако се има предвид населението кое брзо старее во Полска, но е популарно меѓу повозрасните избирачи кои ја продржуваат партијата.

Последниот пат кога беше на власт – од 2005 до 2007 година – ПиС се конфронтираше со Германија и создаде атмосфера на хистерична непредвидливост. Партиските членови ја лансираа теоријата дека постсоветската полска држава била тајно управувана од функционери од комунистичката епоха.

Откако ПиС ја загуби власта кога во авионска несреќа во Смоленск во 2010 година загинаа претседателот Лех Качински (брат близнак на Јарослав) и уште десетина луѓе, многумина во партијата тврдеа дека Русија го урнала авионот и дека Граѓанска платформа и нејзиниот лидер Доналд Туск го подготвиле тоа.

На последните избори, партијата за свој канидиат за премиер ја исфрли умерената Беата Шидло. Но, откако ПиС за презеде власта, Качински ги затегна конците. Еден од најголемите приврзаници на конспиративните теории за авионската несреќа, Антони Мачеревич, сега е министер за одбрана. Новиот министер за култура се закани дека ќе изврши чистка во државните електронски медиуми.

ПиС е против правата на хомосексуалците, а претседателот Анджеј Дуда стави вето на законот за промена на полот заради страв дека бремените жени можат да станат мажи, пред да родат. Качински предупредува дека муслиманските мигранти „носат болести“. Се навестуваат предлози за судење на Туск, кој сега е претседател на Европската унија.

Тоа свртување кон популизмот ќе и наштети на Полска. Но, на поширок план, алармот е дека тој ќе ја парализира ЕУ по важни прашања, на прво место со бегалската криза.

Фактите може да изгледаат очигледни, но  потребно е повторно да бидат изложени. Мирното уривање на комунизмот во Полска беше победа, а не заговор. Авионската несреќа со Смоленск беше лоша лекција. Во последните 25 години, земјата се претвори во водечка европска сила, а членството во ЕУ беше соодветно на тој успех. Добрите односи со Германија се од полза за Полска, особено како противтежа на руската агресија во Украина.

Во нормални времиња, Европа би можела да си дозволи да чека ПиС да се соочи со реалноста. Новата влада штотуку започна со својот вандализам. ПиС сепак ќе можеше да го корегира својот курс или да стане жртва на слабата организација и внатрешни борби. Полска има инсититуции кои се способни да ја штитат нејзината независност, па ме е толку лесно да се урне некоја држава.

Но, сега времињата не се нормални. ЕУ се соочува со различни предизвици – од бегалците, преку климатските промени до Владимир Путин. Справувањето со нив ќе биде полесно со полски партнери кои се дел од решението, а не дел од проблемот.

Алтернативата е Европа, која не може да функционира како што треба, и бавното преземање на институциите во Полска. Нејзините граѓани би требало да и кажат на ПиС веднаш да сопре.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази