Пронајден починат маж во базенот на бањата Стрновац

Од:

Починато непознато машко лице е пронајдено во базенот на бањата Стрновац, во општина Старо Нагоричане. Случајот во СВР Куманово бил пријавен синоќа во 22:30 часот.

Како што соопшти МВР, по овластување на јавен обвинител на местото на настанот биле упатени полициски службеници и лекар, при што е констатирано дека се работи за тело на непознато машко лице кое се наоѓало на скалите за влез во базенот, свртено со лице во водата. При првичниот преглед на телото, лекарот утврдил дека на телото не се забележуваат видливи траги на насилство.

Увид  на местото на настанот  извршила  екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото, кое се уште не е идетификувано, а нема пријава за исчезнато лице, е предадено на обдукција.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина