Кривична пријава за двајца полицајци за злоупотреба на службена положба и овластување

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Б.Г.(43) и А.Ј.(30) полициски службеници во Полицискотооделение Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информира МВР, на 17.10.2015 година, пријавените на улица „Камненичка“ затекнале паркиран трактор натоварен со бесправно исечена дрвна маса за кој од нивна страна бил известен и повикан полицаец од Шумска полиција. При изготвување на документација за одземање на тракторот со дрвната маса возачот на тракторот поради невниманието на полициските службеници го откачил тракторот од приколката и избегал од местото на настанот. По ова пријавените без да се упатат по тракторот изготвиле нова потврда за одземени предмети во која ја навеле само приколката со натоварената дрвна маса без да го евидентираат тракторот

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина