Кривична пријава за адвокат од Штип

Од:

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Н.(42) адвокат од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторил три кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување исправа“ и „измама“ .

Како што информира МВР, пријавениот на 06.05.2015 година во својство на адвокат, злоупотребувајќи ја својата службена положба со намера да се стекне со противправна имотна корист направил лажна исправа „Поднесок“ за присилна наплата во која наместо трансакциските сметки на двајца негови клиенти, ги навел неговите лични трансакциски сметки и ја употребил како вистинска на начин што ја доставил до Извршител за присилна наплата.

Со така изготвената лажна исправа довел во заблуда извршителка од Штип, така што  присилно наплатените парични средства во износ од 141.829 денари по основ на пресуда на Апелационен суд Штип, наместо на неговите клиенти, му ги исплатила на пријавениот.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина