ЛДП: Власта безмилосно ја запостави еколошката агенда

Од:

Македонија се соочува со бројни еколошки проблеми, пред и над се’ – загадениот воздух, непланското градење, прекумерната сеча на шумите, лошото управување со отпадот, што доведува до безмилосно и безобзирно уништување на природата. Екологијата, односно, проблемите, причините, последиците и понудата на решенија, беше една од главните теми на дискусија на синоќешната трибина на Либерално-демократската партија во Свети Николе, како дел од серијалот “Македонија после Груевизмот-Либерални решенија“.

Потпретседателот на ЛДП, Зоран Шапуриќ, обвини дека петта година по ред Европската комисија и сугерира на власта да не ја игнорира еколошката агенда и да се посвети на унапредувањето на животната средина по теркот на ЕУ.

„Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ има низа обврски во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина. Извештаите на Европската Комисија за напредокот на Македонија, изготвени во последните пет години, јасно укажуваат дека Владата ја запоставува еколошката агенда. За жал, власта не придава големо значење на овие добронамерни сугестии. Но, мора да се разбере дека подигањето и унапредувањето на еколошките стандарди е потребно, пред се’ поради самите нас. Поради здравјето на граѓаните“, рече Шапуриќ на трибината во Свети Николе.

ЛДП, правејќи компарации со земјите од регионот, укажува дека јавниот превоз во големите градови, како што се Белград, Софија, Загреб и Љубљана, се’ повеќе се ориентираат на автобуси кои користат електрична енергија, природен гас, односно метан, како и на трамвајски превоз.

„Кај нас власта се фали со автобуси со Еуро 4 стандарди. Колку сме само назад! Отпадот во Европа и во регионот се повеќе претставува ресурс кој може да продуцира еколошки и економски бенефити, а кај нас е сеуште само еден голем проблем. Колку за пример, во Љубљана, 67% од отпадот е опфатен со примарна селекција, која овозможува ефективно рециклирање и другиформи на преработка. Кај нас процентот на рециклирање е минорен“, нагласи Шапуриќ на трибината на ЛДП, во Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Средба Зајкова – Кос: Македонија мора да биде подготвена како Исланд за членство, а ЕУ да биде искрена, брза и креативна во поддршката

Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Предраг Петровиќ

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во социјалното во Прилеп

Зајкова: Сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица од 1991 година до денеска

Предраг Петровиќ

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и други големи објекти

Аврамоска-Ѓореска: Не е само 8 март ден на жените

Горан Наумовски