Поповска третпат го поднесе Законот за зеленило

Од:

„Лилјана Поповска од ДОМ третпат го поднесе Законот за зеленило, заедно со Солза Грчева, Љубица Буралиева, Роза Топузовска и Павле Трајанов.

Законот за урбано зеленило го иницираше ДОМ во 2011, а е изработен од Комисијата за екологија на ДОМ, претставници од Градот Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“ и Агенцијата за урбанизам и просторно планирање. Готов е од 2013, од кога помина 4 јавни расправи со Градот Скопје, скопските општини и ЗЕЛС. усогласуван е и со Министерството за транспорт и врски во неколку наврати, но сепак е 2 пати одбиен: во февруари 2014 и јуни 2015. При изработката на законот беа користени искуства од  австриското и германското законодавство за зеленило.

Законот значи институционална заштита на зеленилото, кое ни е неопходно во борбата со загадувањето на воздухот и климатските промени. Предвидува 25 м²/жител зеленило на ниво на град и 10-30% зеленило на ниво на градежна парцела. Потребни се нови стандарди за негова заштита и подигнување, кои се директно поврзани и со нови стандарди за просторно и урбано планирање и градење.

Предлагачите очекуваат овојпат да се донесе со консензус, како заеднички придонес за здравјето на сегашните и идни генерации“, се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски