ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја користи економската криза за политички поени

Од:

„Безидејноста на опозициската партија се гледа во нивната константна потреба да ја користат глобалната економска криза за ситни политички поени и замајување на јавноста“, реагираат од владејачката партија на денешната прес-конференција на СДСМ.

„Оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ ги има највисоките стапки на БДП од 6,1 проценти во 2007 година и 5 проценти во 2008 година. Во периодот од 2007 до 2011 година остварен е просечен раст на БДП од 3,2 отсто. За споредба во периодите од 1993 до 1998 и од 2003 до 2006 година, кога СДСМ беше на власт просечната стапка на БДП изнесуваше 1,2 проценти. Со напомена – додека СДСМ беше на власт светот доживуваше економски процут, додека ВМРО-ДПМНЕ веќе четири години се справува со ефектите од светската економска криза“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски