ТХП: ВМРО-ДПМНЕ е против учебници на турски јазик

Од:

Денес на пленарната седница уште еднаш беше одбиен предлогот за изменување на Законот за учебници за основно и средно образование доставен од пратеникот на Партијата за Движење на Турците во Македонија, Енес Ибрахим.

Владата на Република Македонија излезе и со официјално мислење околу овој предлог закон. На мислењето е наведено дека согласно со член 3 став 2 од Законот за учебници за основно и средно образование; за учениците од припадниците на заедниците кои наставата ја следат на јазик и писмо различен од македонскиот јазик, учебниците се издаваат на јазикот и писмото на којшто се остварува наставата. Министерството овие книги ги набавува по пат на јавна набавка. Но најчесто не се понудени учебници кои се печатат во мали тиражи. На барање на Министерството издавачките куќи даваат објаснување дека истото економски не им е исплатливо.

Со ваквото објаснување Владата само ја потврдува ситуацијата во која се наоѓаат учениците кои наставата ја следат на турски јазик. Залудно е тоа што со празни зборови и убаво дефинирани реченици сакаат да ја залажат јавноста. Ваквото објаснување не само што е контрадикторно со изјавите на владеачките пратеници туку е понижувачки за интелигенцијата на турската заедница.

Како и претходно, ние уште еднаш потенцираме дека во Република Македонија дел од националните заедници не можат да го остварат своето уставно гарантирано право на образование на својот мајчин јазик поради непостоењето на можност да поседуваат книти на тој јазик.

Воопшто не претставуа проблем тоа што владеачките пратеници го игнорираат нашиот пратеник Енес Ибрахим, туку најстрашно е што со одбивање на овој предлог тие ја игнорираат иднината на десетици илјади ученици и стотици просветни работници од турската заедница.

Партијата за Движење на Турците во Македонија најостро ја критикува дискриминаторската и подбивачката реторика на ВМРО-ДПМНЕ и воедно ја уверуваме јавноста и турската заедница дека нема да потклекнеме на ваквите политики. И понатаму на демократски начин ќе се бориме за остварување на своите уставни права.

Би можело да ве интересира

ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира според резултатите од пописот

Ана Ололовска

ТХП: Нема да соработуваме со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на С. Македонија

Ана Ололовска

Партијата за движење на Турците поддржува заеднички претседателски кандидат

Ана Ололовска

Формирана женска организација на ТХП

Ана Ололовска

Движењето на Турците со свој предлог за претседателски кандидат

Бошњаковски: Одговорот за барањето за разрешување на Аднан Ќахил треба да се бара кај политичките субјекти

Ана Ололовска