Маурицио Макри инаугуриран како нов претседател на Аргентина

Од:

Новозибраниот претседател на Аргентина, Маурицио Макри денеска беше инаугуриан на функцијата, на традиционаната свеченост во Буенос Ајрес.

Церемонијата на инаугурацијата ја бојкотираше досегашната претседателка Кристина Фернадез де Кирхнер.

Таа соопшти дека ќе се појави само во Конгресот, но дека нема да учествува во ниту една друга церемонија поврзана со стапувањето на должност на новиот шеф на државата.

Ова е прв пат во земјата, од 1983 година и падот на хунтата, еден дисегашниот претседател да одбие да присуствува на церемонијата за инаугурација на неговиот наследник.

Не е соопштено зашто Кирхнер се одлучи за еден ваков чекор.

Новиот претседател, претседателската лента, преку рамото, како и претседатлката палка, што традиционално ги примаат аргернтинските претседтали, ќе му бидат дадени во претседателката палата во Буенос Ајрес.

Во првото обраќање до Аргентинците, Макри рече дека сака да биде претседател на сите во Аргентина.

Макри најави напуштање на досегашната државно-контролирана економија, како што обично управуваат левичарските перонисти, напуштање на популизмот во управувањето, како и олеснување на трговската и валутната контрола.

Новиот претседател најави и унапредување на односите со САД.

Кристина Кирхнер претходно се збогуваше со своите симпатизери на митинг, во стилот на обраќањеата на Ева Перон, од педесетите години на 20 век.Таа ги повика Аргентинците да излезат на улиците доколку се почусвтвуваат „измамени и предадени„ од новата десно-центристичка влада.

Би можело да ве интересира

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Аргентина ја освои Копа Америка – Финалето беше одложено речиси час и половина поради нереди

(ВИДЕО) Камења, солзавци и водени топови-голема пресметка во Аргентина поради реформите на претседателот Милеј