Десетици директори на банки во Романија се уапсени утрово поради сомнение за перење пари, објави електронското издание на весникот „Адеварул“.
Се проценува дека нанесените штети изнесуваат над 100 милиони евра.
Спроведената операција е против мрежа за перење пари, а станува збор за вработени во три банки. Според извор на телевизија Романија меѓу нив е Романската банка на развој (БРД), сопственост на „Сосиете женерал“.
Досега се уапсени 50 лица. Обвинителите извршиле претрес на 15 филијали во градот Калараш и во 35 во Букурешт. Мрежата според обвинителството се занимавала со доделување банкарски кредити на непостоечки лица. Осомничените биле следени околу една недела, наведува весникот „Адеварул“.