Во лабораторија за дрога пронашле плутониум

Од:

Во една нелегална лабораторија за производство на дрога во Москва, руската полиција заплени контејнери со радиоактивна почва од Чернобил, плутониум и други радиоактивни супстанци. Полицијата не ја исклучува можноста настанот да е организиран од страна на терористички групи.

– Полицијата заплени плутониум во лабораторија во која се произведува амфетамин – изјави за „Франс прес“ портпаролката на Агенцијата за контрола на наркотици. Таа не го прецизира потеклото на плутониумот, но додаде дека полицијата наредната седмица ќе ги открие деталите за операцијата.

Според руските агенции, во операцијата во која учествувале припадници на единицата за борбата против трговијата со дрога и службите за безбедност, запленети се контејнери со радиоактивна почва, со потекло од Чернобил, каде во 1986 година се случи нуклеарна катастрофа. Полицијата не ја исклучува можноста дека тие личности се поврзани со терористички групи, јави агенцијата „Интерфакс“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина