Австриските власти оваа седмица започнаа со поставување на ограда на својата граница кон Словенија, која треба да го спречи илегалниот влез на имигранти во земјата, јави Танјуг.
Надлежните, кои предвидуваат неделно да биде поставуван по еден километар од оградата, соопштија дека нејзината изградба ќе чини 10 милиони евра.
До Божиќ треба да бидат поставени столбовите што ќе ја држат оградата, а до Нова година таа да биде целосно завршена.
Вчера биле поставени околу 300 метри ограда околу граничниот премин Шпилфелд.