Студентскиот пленум бара студентите да имаат свои претставници во Сенатот на Универзитетот, бидејќи сегашните претставници од Студентскиот парламент се нелегитимни и под сомнеж дека фалсификувале потписи.
– Еден од најголемите проблеми што сега се случуваат на УКИМ е студентската репрезентативност, односно студентскиот парламент кој што веќе подолго време не ги застапува интересите на студентите. Тоа се гледа и преку донесувањето на Зконот за високо образование, како и преку нивната пасивност кон условите во кои живеат студентите. Веќе една година на парламентот му е поминат мандатот, значи веќе не се ниту легални претставници на на студентите на УКИМ. Се надеваме дека заедно со универзитетската управа ќе нјадеме решение конечно да добиеме легални и легитимни претставници на Универизтетот, вели Дарко Малиновски од Студентски пленум.
Ако е невозможно да се воспопстави институционална соработка, Студентскиот пленум ќе оди на вониституционални мерки, во намера студентите да добијат претставници кои ќе ги штитат интересите на студентите и автономијата на Универзитетот. Студентскиот пленум засега не открива кои би биле вонинституционалните мерки за добивање на легитимни претставници во универзитетската управа.
По повод најавата на премиерот Груевски дека за студентите ќе има бесплатен превоз, ставот на Студентскиот пленум е дека е тоа начелно добра мерка со оглед на тоа што во Македонија има 50 проценти младинска невработеност, но сметаат дека
– Мора да го коментираме тајмингот во кој што се случува оваа мерка и сметаме дека е своевидна злоупотреба за предизборни цели, вели Малиновски.
Студентскиот пленум денеска го најави и триденвниот фестивал насловен
„АД ХОК ФЕСТИВАЛ“ – мултимедијален студентски настан кој ќе се одржува на Платото на УКИМ со почеток на 10 декември, точно напладне.
Ќе настапуваат: Новиот Почеток, The John, PMG Collective, Bandix, Rover’s Hangover, Визија, Funk Shui, Bona Dea, Зад Аголот, Ексцес, DJ Irie Scratch, DJ Ilina Angel, DJ Goce Saf, DJ UX…
За време на концертите, во аулите на четирите факултети ќе бидат изложени цртежи и фотографии на студенти и уметници, а ќе бидат организирани и алтернативни предавања и работилници.
„Веќе цела година нè заокружуваат, нè етикетираат и нè лажат. Се обидуваат да ни ја одземат моќта и гласот кој го имаме. Затоа одлучивме да бидеме погласни од било кога.
Високото образование ни го сведоа на соголен костур, се обидоа да ја спречат нашата академска слобода за интелектуално развивање и креативно достигнување. Сакаат од нас да направат роботи и слуги на нивниот режим.
Ние имаме морална одговорност и должност да не ги почитуваме нивните неправедни правила. Нашите животи завршуваат во моментот кога ќе станеме тивки за работите кои се важни.
Ние, студентите, сме многу повеќе од број. Ние сме многу повеќе од тоа што бараат да бидеме. Време е да ви ја покажеме нашата креативност, упорност, интелект, но највеќе од сè, нашиот млад, чист и неуморен дух за просперитет!“, пишуваат студентите.
А.Б.