Да се градат барокни факултети е навреда за студентите и особено е голема иронија со оглед на тоа дека барокни фасади треба да имаат токму факлутетите за информатички науки во 21 век – ова е ставот на Студентскиот пленум, откако пред неколку дена почнаа да се да се подготвува теренот за изградба.
– Според наши сознанија, Сенатот никогаш не дал согласност за изградба на нови објекти во рамки на УКИМ и градењето на овие две згради е упад во универзитетската автономија, вели Орхан Сулејмани од Студентски пленум.
Кампусот кај УКИМ веќе има проблем со бројот на студенти, па уште неколку илјади студенти да се додат во две нови згради ќе ја влоши и онака лошата состојба и же уништи голем дел од зелените површини и дрвјата.
– Проблематичен е и изборот на барокниот стил, кој не се вклопува со веќе изграденото во кампусот. Сметаме дека е иронија да се гради барокна зграда за факултет за информатички науки. Самиот избор на барокот е длабока навреда на студентите кои се движечка сила во државата, вели Сулејмани.
Градежната компанија „Бетон“ пред една недела почна да го околчува просторот на универзитетскиот комплекс на УКИМ, што гледа кон судовите и кон Ректоратот. Планирано е на 20 декември да се стават камен темелници и да почне изградбата на новите барокни објекти на ФИНКИ и на Факултетот за физичка култура.
Градежните екипи планирале да исечат 47 дрва зад Правниот факултет и со лимена ограда целосно да го затворат просторот кон судовите.
А.Б.