ВИДЕО: Русите напаѓаат и од подморница кон Исламска држава

Од:

Русија првпат изврши напади на позиции на Исламска држава во Сирија со ракети истрелани од подморницата „Ростов на Дон“ во Медитеранот, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

– Во таа прилика крстосувачките ракети „калибар“ погодиле два големи пункта на терористите на ИД во областа Рака, додаде тој.

Шојгу му пренесе на претседателот Владимир Путин дека и авијацијата и подводната флота извршиле успешно лансирање, како и дека целите се погодени.

Тој додаде дека изминатите три дена руската војска во Сирија извршила повеќе од 300 летови и погодила 600 цели.

Русија однапред предупреди дека нејзината војска прпат ќе истрела кон Сирија ракети од подморица во Медитеранот, соопштија САД.

– Бевме предупредени дека тие ќе извршат такви напади и ние тоа го цениме, изјави порпартолот на Пентагон Питер Кук.

Тој додаде дека САД особено го ценат тоа што Кремљ не бил обврзан тоа да го стори, врз основа на меморандумот за разбирање, кој го потпишаа САД и Русија, со цел да се избегнат судири околу Сирија.

– Информирањето за лансирањето на ракетата преставуваше дополнителна мерка за безбедност, додаде тој.

САД ја предводат коалицијата од околу 60 земји, кои учествуваат во воздушните напади врз Сирија и Ирак во обидите да ја уништат Исламска држава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад со дронови во рускиот град Казан

А1он

Пожар во притвор во Русија: Има мртви

Руските сили за воздушна одбрана соборија 36 украински беспилотни летала во текот на ноќта

Ракетен напад врз Киев, најмалку две лица повредени, пожари на повеќе локации

(ВИДЕО) Русија: Украина нападна фабрика во Ростовска област со проектили „Атакамс“ и „Сторм шедоу“

Горан Наумовски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон