Хорхе Лоренцо ќе се натпреварува во Race of Champions

Од:

Новиот светски шампион во MotoGP Хорхе Лоренцо ќе дебитира во авто-трката Race of Champions, која ќе се одржи во декември во Бангкок.

Пилотот на Јамаха ја освои својата втора титула во неделата со второто место во Гран при на Австралија и на трка пред крајот е недостижен за единствениот конкурент Дани Педроса.

Лоренцо ќе се вклучи како учесник во Race of Champions и ќе направи демонстрација со својот мотор Јамаха. Трката, која ќе ги собере водечките пилоти во моторните спортови, ќе се одржи од 14 до 16 декември.

“Оваа година беше фантастична за мене и не ми текнува подобар начин да ја завршам од натпревар против најдобрите спортисти во светот”, изјави Лоренцо, кој ја освои својата прва титула во MotoGP во 2010 година.

Учество во Race of Champions веќе го потврдија легендата во мотоциклизам, Мајкл Дуан, Себастијан Фетел, Михаел Шумахер, новиот шампион во Индикар Рајан Хантер-Реј и Дејвид Култхард.

“Ќе биде предизвик да се соочам со нив во нивната игра. Со Мајк Дуан ќе покажеме дека можеме да се справиме многу добро и на четири тркала. Се надевам публиката ќе се забавува со нас”, рече Лоренцо.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски

Награди за најдобрите во автоспортот за 2019 година

Ана Ололовска

Маркез беше пренесен во болница по паѓањето на „Бурирам“

Ана Ололовска

Бузалковски: Следната сезона целта е влез во ТОП 5

Ана Ололовска