Концерт на македонска обоистка Гордана Јосифова Неделковска во Велес

Од:

Во рамките на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“ синоќа на малата сцена на новиот театар во Велес свој концерт имаше македонската обоистка проф.м-р Гордана Јсифова Неделковска, во пијано придружба на Елена Атанасовска. Таа на програмата настапи со Ариа од Бах, дела од Вероуст, Мариконе, Лалит и од Дебиси познатата „Reflets dans l ‘eau“.

Публиката имаше можност да слушне и нејзина изведба на англиски рог со пијано придружба, а како што таа им појасни на присутните, реткост е овој инструмент да се слушне на овие македонски и балкански простори.

Јосифова Неделковска настапи со познатата мелодија „Лебед“ од Сент Сенс за англиски рог, како и со „Песна на славејот“ од Грег и со „Амелиа“ од Паскули.

Пред настапот на Јосифова Неделковска, свој промотивен настап имаше и младата пијанистка и нејзина ќерка Инес Неделковска во пијано придружба на професорката Нина Костова.

Јосифова Неделковска изјави дека во Велес настапува по цели 20 години и оти концертот му го посветува на својот тетин Ристо Мајсторов.

Јосифова Неделковска рече дека многу повеќе настапува во Германија, Италија, Франција, Холандија, Белгија, односно во цела Европа, како и во Америка, Кина, Канада, во најпрестижните сали „Бољшој Зал“ во Москва, „Верди“ во Милано заедно со светски познати диригенти и оркестри.

– Настапите во Македонија не ми се толку чести. Најчесто настапувам во Скопје, но имам желбата да настапам и во други градови во Македонија. Веќе настапив во Тетово, во Штип, еве сега дојде редот и на Велес. Драго ми е што публиката имаше можност да го слушне овој овој инструмент кој не е толку чест, бидејќи англискиот рог е всушност повеќе е инструмент за оркестар. Морам да кажам дека е многу ретко на еден концерт да се свири на два инструменти, бидејќи тоа е и друга техника и друг начин на свирење и друга постановка, но јас тоа го правам со задоволство бидејќи знам дека уживаа и посетителите, појасни Јосифова Неделковска.

Таа потенцира дека е многу значајна оваа манифестација „Велес-Град на кутурата 2015“ што значи културните настани да не се концентрираат само во Скопје, туку подеднако и во цела Македонија.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска