Постхумно излезе од печат романот „Петра“ на писателката Павлинка Ѓорѓијоска

Од:

Делчевското  роднокрајно авторство од денеска побогато со уште еден роман. Во издание на „Орион“ излезе од печат романот  „Петра“ на  прерано починатата делчевската писателка Павлинка Ѓорѓијоска, која романот го остави во ракопис. Илустрациите во романот се дело на карикатуристот Миро Ѓеоргијевски, додека рецензијата е на познатиот писател Милован Стефановски.

Романот „Петра“, како што изјави Стефановски, иако е во ракопис и со предзнак на недовршена прозна творба, поради прераната смрт на авторката, според многу елементи треба да се смета за дело на кое можат да му се припишат „поважните дополнителни функции“ на една објавена книга.

– Тука пред сѐ мора да се има предвид фактот кој доаѓа од темелната поставеност на стожерната наративна нишка и, многу повеќе, според  инвестираната творечка енергија на авторката. Романот „Петра“ заслужува поголемо внимание од обично посегање по содржината поместена меѓу кориците на овој несекојдневен и карактеристичен прозен одблесок, вели Стефановски.

Романот „Петра“ го следи животот на девојка која пораснала во дом за сираци во Македонија. Учена на скромен живот со многу откажувања, осаменички денови исполнети со многу надеж и недоверба во луѓето. Таа излезе од домот и се учеше да живее во надворешниот свет со помош на блиски роднини. Нејзината приказна, авторката Ѓорѓијоска не ја заврши, но ја остави главната хероина во прегратките на можеби нејзината прва љубов, момент за кој Петра не беше подготвена.

Освен романот „Петра“, авторката Ѓорѓијоска ги остави во ракопис и романите „Алтан“, „Јасна“ и „Улицата на костените“. Павлинка Ѓорѓијоска  е родена во Делчево во 1961 година, а почина во родниот град на  10. 06. 2015 година. Зад себе го има романот „Тунел“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска