СДСМ: Граѓаните со денови дишат отров наместо чист воздух

Од:

„Со денови граѓаните на Македонија дишат отров наместо чист воздух.

Мерните станици континуирано, со денови покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови.

Според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 8 пати над дозволеното.

Загадување 07 и 08 декември 2015  година_Page_1

Во Кичево и Тетово канцерогените ПМ10 честички се 7, односно за 8 пати над дозволената концетрација, додека во Битола речиси 6 пати над границата.

Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни.

Загадување 07 и 08 декември 2015  година_Page_2

Според Светка банка Македонија е на прво место на листата по изложеност на граѓаните на загаден воздух со опасни, канцерогени цврсти честички. Тоа е најголема причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во земјава, поради разни болести на дишните патишта и рак.

Загадување 07 и 08 декември 2015  година_Page_3

Загадувањето е последица на погрешните политики на Никола Груевски којшто мислеше само на провизиите од тендерите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра и богатењето на фамилијата.

Груевски потроши 630 милиони евра за споменици, 1 милион евра за ЛЕД телевизори а граѓаните во Македонија се гушат во нечист воздух“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Горан Наумовски