Виенската полиција во текот на викендов во водите на реката Дунав „улови“ поеќе од 100.000 евра.
Како што соопшти полицијата, засега не е познато како парите стигнале во Дунав, ниту пак кој е нивниот сопственик.
Портпаролот на полицијата Роман Хаслингер изјави дека во последно време нема пријавено никаков грабеж, ниту некое друго злосторство, кое би вклучило таква голема сума пари.
Хаслингер наведе дека, ако сопственикот не биде пронајден, парите ќе му припаднат на човекот кој во саботата ги видел парите во Дунав и потоа скокнал во водата да ги извади.