Петковски: Владеењето на Груевски предизвика масовен егзодус на младата генерација од државата

Од:

„Политичката криза која ја преживува Македонија освен што на површина го исфрли авторитарното и криминално владеење на власта, ги покажа и длабоките системски проблеми поврзани со бруталната партизација и инструментализација на институциите и ресурсите на држава, што делува поттикнувачки на процесот на иселување на младите од земјава“, рече Претседателот на НСДП, Тито Петковски во своето обаќање на изборната конференција на локалниот клуб на младинската организација-НСДМ на НСДП во Прилеп, минатата сабота (5.12.2015).

Осврнувајќи се на проблемот со иселувањето на младите, Петковски рече дека изминативе години владеењето на Груевски предизвика масовен егзодус на младата генерација од државата.

12319543_10156322576080154_1826038672_n

„Високата невработеност, изедначувањето на државата и владејачката партија, економската безперспективност и социјална несигурност, ги доведоа во ситуација младите својата иднина да ја гледаат и бараат надвор од државата. Повеќе не можеме да зборуваме само на печалбарство, како форма на привремено иселување од државата од економски причини, туку за целосно иселување без размислување за враќање назад. Ова е хроничен проблем со чие соочување повеќе не можеме да бегаме. Затоа изборите на 24 април се шанса не само да се прекине владеењето на еден авторитарен режим, туку да и се испрати порака до младите дека Македонија може да биде една нормална европска земја, во која младите без форми на било какви политички уцени и притисоци може да ја бараат и градат својата иднина овде, а не по земјите во Западна Европа, Америка, Австралија“, рече Петковски.

12351027_10156322576135154_1425849256_n

На локалната конфенреција за Претседател на ЛК на НСДМ – Прилеп беше избран Михаел Смилески, а свое обраќање имаа и Претседателот на ОО НСДП Прилеп Јулијана Цековска и Претседателот на НСДМ Тамара Баара.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ