EБРД: Руските санкции можат да ја намалат турската економија за 0,3-0,7 проценти во 2016

Од:

Руските санкции можат да го намалат растот на бруто домашниот производ на Турција за 0,3 до 0,7 проценти во 2016 година, додека нивното влијание врз руската економија ќе биде ограничено, посочуваат експертите од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во својот најнов извештај, цитиран од ТАСС.

Руските санкции можат да го намалат растот на БДП-то на Турција во 2016 година за 0,3 до 0,7 проценти, доколку во 2016 година тие целосно бидат применувани и извршат максимално влијание врз туризмот кон средината на годината, се посочува во извештајот.

Дејството на огранувачките мерки врз руската економија ќе биде незначително и ќе се изразува во зголемување на цените на увозните стоки и извесен раст на инфлацијата, посочуваат аналитчарите од ЕБРД.

Кризата во односите меѓу Москва и Анкара избувна откако на 24 ноември турски авиони-ловци соборија руски бомбардер.  Русија тврди дека авионот бил соборен над сириска триторија.

На 28 ноември рускиот претседател Владимир Путин го потпиша декретот за „специјални економски мерки“ против Турција.

Би можело да ве интересира

ЕБРД: Економијата на Украина ќе се намали повеќе од очекуваното

Ана Ололовска

ЕСМ: ЕБРД ја нотира успешната реализација на соларната електрана Осломеј

Ана Ололовска

ЕБРД донира 77,6 милиони евра за подобра инфраструктура на Западен Балкан

Жарко Настоски

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на ЕБРД

Жарко Настоски

ЕБРД: Пандемијата ќе има негативно влијание врз економијата

Ана Ололовска

Спасовски: Инфраструктурното поврзување е клучно за развојот на Западен Балкан

Ана Ололовска