Непознати сторители синоќа го запалиле знамето на НАТО поставено на влезот во Цетиње, јави радио телевизија Црна Гора.
Знамето на НАТО беше поставено покрај црногорското и знамето на Европска унија.
Претседателот на Движењето за неутралност, Марко Милачиќ на Фејсбук напиша дека во Цетиње повеќе не се вее знамето на НАТО, а на ЈуТјуб објави и видео-снимка на која се гледа како гори знамето на Северноатлантската алијанса.
– По невидената демонстрација на уривање и газење по традицијата на Црна Гора, властите во Цетиње, по повод добивањето покана за членство во НАТО, го симнаа знамето со крстот (црногорско знаме од 18 век) и поставија знаме на НАТО, слободните граѓани ја зедоа работата во свои раце. Знамето на НАТО од синоќа го нема, пишува Милачиќ на Фејсбук.