Уште една победа оствари шампионот на НБА лигата Голден Стејт кој стигна до бројот 22 од исто толку натпревари од почетокот на сезоната.
Ноќеска „Вориорс“ беа подобри на гостувањето кај Бруклин со 114:98.
На другите четири НБА дуели одиграни ноќта недела кон понеделник постигнати се овие резултати:
Мемфис – Феникс 95:93,
Детроит – ЛА Лејкерс 111:91,
Вашингтон – Далас 104:116,
Оклахома Сити – Сакраменто 98:95.
Пласман Источна конференција: Мајами 12-6 (победи-порази), Кливленд 13-7, Чикаго 11-6, Индијана 12-7, Атланта 13-9, Шарлот 11-8, Торонто 12-9, Детроит 12-9…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 22-0 (победи-порази), Сан Антонио 17-4, Оклахома Сити 12-8, Далас 12-9, Мемфис 12-9, ЛА Клиперс 11-9, Јута 9-9, Хјустон 10-11,…